август 15, 2022

Починат 24 годишен мигрант од Авганистан

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 15.05.2022 во 22.15 часот во близина на железничкиот мост во Гевгелија било пронајдено починато машко лице со убодна рана од остар предмет на телото. Настанот бил пријавен во Полициската станица Гевгелија. Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24 годишен мигрант од Авганистан. Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е мигрантскиот статус, а пристрасните индикатори се:

  1. Бегалски или мигрантски статус – жртвата имала мигрантски статус
  2. Етничкото потекло – жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница
  3. Локација – настанот се случил на место каде што поминува рутата на мигрантите кои транзитираат преку државата

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството, а особено безбедноста на бегалците и мигрантите кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија.


Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Физички напад Насилство
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Починат 24 годишен мигрант од Авганистан image