јуни 9, 2022

Починато лице со бегалски или мигрантски статус на граничен премин Богородица

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: На 09.06.2022 во меѓупросторот на коловозната лента на Граничниот премин Богородица било забележано лице – мигрант или бегалец без знаци на живот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е мигрантскиот или бегалскиот статус под претпоставка дека смртта настапила како резултат на повреда од друго лице, а пристрасните индикатори се:

  1. Бегалски или мигрантски статус – жртвата имала мигрантски статус
  2. Локација – настанот се случил на место каде што поминува рутата на мигрантите и бегалците кои транзитираат преку државата

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата, а особено безбедноста на бегалците и мигрантите кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија.


Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Починато лице со бегалски или мигрантски статус на граничен премин Богородица image