Што се случило: На 4 ноември, во периодот од 12 до 15 часот во Тетово, пред почетокот на натпреварот
меѓу фудбалскиот клуб „Шкендија“ од Тетово и фудбалскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, другите шестмина
тетовци заедно со малолетникот од Требош, движејќи се низ повеќе улици, извикувале навредливи
пароли, а пред угостителски објект на улицата Борис Кидрич како дел од навивачката група „Балисти“,
пријавените фрлале со камења и стаклени шишиња кон терасата на објектот.
За трите настани тетовската полиција поднела кривични пријави против 14 лица од кои 7 припадници
на Балисти и 7 припадници на Војводи.
Датум, време и место на инцидентот: 4 ноември, во периодот од 12 до 15 часот во Тетово
Извор на информации: Електронски медиуми: макфакс.ком.мк, фокус.ком.мк и гол.мк
Инволвирани жртви: нема, само материјална штета
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Насилство (Член 386, КЗ на РСМ)
Сторители: 7 идентификувани сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив
е етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло и припадност на навивчка група – жртвата била од македонска етничка
припадност, а напаѓачите биле од албанска етничка заедница и членови на навивачка група на
Балисти.
2. Локацијата – инцидентот се случил во центарот на Тетово после натпревар.
Статус на случајот: поднесени кривични пријави против 7 сторители
Одговор на локалните власти: До затворањето на овој извештај од МВР немаме добиено одговор на
барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има индикатори со кои ќе се потврди дело
од омраза. Информациите за поднесени кривични пријави ги имаме добиено од медиумите. Влијание
врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.