август 15, 2022

Две ЛГБТИ+ лица физички и вербално нападнати поради нивната сексуална ориентација

Инцидент
Инциденти сторени заради сексуална определба и/или родов идентитет

Што се случило: На 9 август 2022 година во Струмица, едно лице физички и вербално нападнал уште две ЛГБТИ+ лица пред нивната локална канцеларија. Побарана е итна интервенција од СВР Струмица по информацијата за нови два напади врз припадници на ЛГБТИ+ заедницата во Струмица.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е сексуалната ориентација на жртвите, а пристрасните индикатори се:

  1. Сексуална ориентација – жртвите се со различна сексуална ориентација
  2. Модел на претходни инциденти – претходни напади кон лица од ЛГБТИ заедницата

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата, кохезијата помеѓу различните групи во општеството, а особено безбедноста и здравјето на ЛГБТИ луѓето.


Број на жртви
2
Број на сторители
1
Поврзаност со друг инцидент
https://zlostorstvaodomraza.com/incident-mk/физички-нападнат-лгбти-активист-во-ст/
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Две ЛГБТИ+ лица физички и вербално нападнати поради нивната сексуална ориентација image