август 29, 2014

Група непознати луѓе опколила продавница во Ѓорче (верифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Ф.М., Албанец, дојде во Комитетот и се пожали дека група од околу 20 млади
луѓе му ја опколиле продавницата во населбата Ѓорче Петров, кратко по немирите на етничка
основа што се случија во таа населба. Според неговата изјава, групата ги нападнала неговиот
син и внук еден ден претходно.

Датум, време и место на инцидентот: 29 Август, Ѓорче Петров, Скопје.
Извор на информацијата: Интервју со жртвата.
Вклучена(и) жртва(и):. Еден Албанец.
Вид на кривично дело(а): Загрозување на сигурноста (Чл.144).
Сторител(и): Група од околу 20 сторители, Македонци од машки пол.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристраност во овој
инцидент е верската припадност и убедување, а индикаторите за пристрасност во овој инцидент се:
1. Перцепција на жртвата – жртвата го доживува овој инцидент како мотивиран од пристрасност.
2. Разлика помеѓу жртвата и сторителите според етничка основа – сторителите биле Македонци,
додека сопственикот на локалот Албанец.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Непознат
Одговор на надлежните власти: Преку „Одговор на барање“ за информации од јавен карактер,
на барањето испратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека немаат
информации во врска со овој инцидент.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Адреса
Ѓорче Петров, Скопје
Име на Локација
Ѓорче Петров, Скопје

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Група непознати луѓе опколила продавница во Ѓорче (верифицирано) image

Кривични дела

Против слободите и правата
Повреда на еднаквоста на граѓаните Криминална закана
Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност Религија или уверување