July 1, 2013

Нова тепачка во Кичево, повредени две момчиња

Incident
Incident due to ethnical belonging, citizenship or language

Вчера попладне дошло до голема тепачка на ученици од ОСУ„Мирко Милевски“ и ОСУ “Дрита“.

Според информациите до кои дојде Kicevo.Mk, тепачката се случила околу 14.30 на булеварот Рудничка, во близина на гимназијата. Нападнати биле две момчиња од македонска националност од група од околу дваесетина момчиња од албанска националност.Тепачката настанала откако едно од момчињата било нападнато, а второто притрчало да го одбрани.

Двете момчиња, В.Т. и А.Р. се потешко повредени, при што едното добило скршеници на раката, а второто повреди на главата. Укажана им е лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево.

Ова е уште една од низата физички пресметки кои изминатиот период го потресуваат Кичево, а никако да се најде начин истите да се спречат.

Address
Kichevo, Macedonia (FYROM)

Number of Perpetrators
1
Status of the case
Perpetrators identified
Нова тепачка во Кичево, повредени две момчиња image