Едно лице без повод и причина нападнало девојче што чекало автобус на автобуска станица во Автокоманда, дознава Телеграф од полициски извори.
Според информациите, денеска околу 13 часот на автобуска постојка во Автокоманда, додека Нурије. А. (16) од село Батинци чекала автобус, од автобус број „65“ се симнале четири непознати лица, од кои едното ја удрило со нога во предниот дел на градите.
Девојчето побарало помош во Градската општа болница во Скопје, каде што ѝ биле констатирани телесни повреди. По укажаната лекарска помош таа е пуштена на домашно лекување.
Address
Jani Lukrovski, Skopje 1000, Macedonia (FYROM)
News Source Links
Number of Perpetrators
1
Status of the case
Perpetrators identified