На ден 24.07.2025 година од страна на првопријавениот С.Д. на жртвата која е транс лице ѝ било кажано да се премести на друго седиште во автобусот, откако нејзиното назначено седиште било во негова близина и ѝ се заканил со зборовите „ајде седи таму не ми кажувај сега ќе ти викнам обезбедување“, а откако жртвата се накашлала, пријавениот ѝ рекол „престани да кашлаш ќе ме заразиш“.
На ден 04.11.2025 година, првопријавениот возач во сообраќајниот превозник ДТТУ ЕУРО ТУРИСТ КЛУБ ДООЕЛ Тетово, во автобусот на релација Скопје-Тетово ѝ кажал на жртвата „симни се, искачај, ти не смееш да се возиш“ кога таа пробала да се качи во автобусот на постојката на бул.Партизански одреди, по што возачот се вознемирил и почнал да ја бутка кон излезот на автобусот, употребил физичка сила со што и ја свиткал десната рака нагоре и кон вратата ја буткал по градите.
На 13.11.2025 година повторно во истиот автобус на релација Скопје-Тетово во 10:30 часот, првопријавениот одбил да ѝ продаде автобуска карта со зборовите „Симнувај се, не може ти да се возиш, излегувај од автобусот“. Првопријавениот ѝ рекол „Не е мој (автобусот), кажано ми е дека не можете да се возите со нас, ве молам излезете ако не ќе викнам полиција.“
Со сторените дејствија пријавениот со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности и предизвикал омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на пол, род, родов идентитет и припадност на маргинализирана група, на жртвата ѝ нанесол телесна повреда, а притоа ѝ предизвикал и чувство на омаловажување, деградирање и вознемиреност.
Второпријавените со политиката дека жртвата не смее да се вози во автобусот, што резултирало со првопријавениот да ја избрка од автобусот, предизвикале омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на пол, род, родов идентитет и припадност на маргинализирана група, на жртвата ѝ предизвикал и чувство на омаловажување, деградирање и вознемиреност.
Со сторените дејствија пријавениот со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос, исти прилики или други слични околности и предизвикал омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на пол, род, родов идентитет и припадност на маргинализирана група, на жртвата ѝ нанесол телесна повреда, а притоа ѝ предизвикал и чувство на омаловажување, деградирање и вознемиреност.
Второпријавените со политиката дека жртвата не смее да се вози во автобусот, што резултирало со прва опријавениот да ја избрка од автобусот, предизвикале омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на пол, род, родов идентитет и припадност на маргинализирана група, на жртвата ѝ предизвикал и чувство на омаловажување, деградирање и вознемиреност.
Дополнително, жртвата поднела и претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, која со Мислење бр.08-290/2 од 11.03.2026 година утврдила директна дискриминација врз лицето врз основа на пол, род и родов идентитет во областа на пристапот до добра и услуги сторена од страна на сообраќајниот превозник Еуротурист и лицето С.Д., возач на меѓународна автобуска линија, вработен во сообраќајниот превозник „Еуротурист“.