Што се случило: На 13 ноември 2022 година, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.Б.(18), Б.М.(19), В.Х.(19) и уште двајца малолетници, затоа што во автобус бр.57 физички нападнале четворица малолетници во Чаир, на автобуска постојка.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
- Етничко потекло – инволвираните припаѓаат на различни етнички заедници
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството.
Број на жртви
4
Број на сторители
5
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Насилство