Што се случило: Непознати сторители го каменувале возот од Битола до Скопје во близина на
село Морани, притоа оштетувајќи ги прозорите од вагоните.
Датум, време и место на инцидентот: 12 април, во близина на село Морани.
Извор на информацијата: Националниот медиум „ТВ Сител“.
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничка припадност, државјанство или јазик, а индикаторите на пристрасност во овој
инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Со оглед на различниот етнички состав на населението во село Морани и крајните дестинации до кои патува
возот (Битола и Скопје), етничката припадност на жртвата можно е да се разликува од онаа на
сторителот.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непознат
Одговор на надлежните власти: Министерството за внатрешни работи одговори на Барање
за информации од јавен карактер испратено од Комитетот, дека на оваа дата е пријавено
дека непознати лица поставиле камења на шините над кои поминувал возот, но дека немаат
информации поврзани за извршено каменување.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу Македонците од една, и Албанците
од друга страна како две најголеми етнички заедници во општеството, а исто така и ја загрозуваат
општата сигурност во јавниот транспорт.