март 28, 2014

Каменување на воз завршува со повреди за машинивозачот (неверифицирано)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Помошникот машиновозач завршил во болница откако непознати сторители го
каменувале товарниот воз што тој го возел. Сторителите исто така оштетиле дел од прозорите на
возот.

Датум, време и место на инцидентот: 28 март, рутата на товарната линија што беше нападната
е од Волково до Трубарево, додека локус операнди на инцидентот била Железничката станица
„Скопје Север“.
Извор на информацијата: Електронскиот медиум мкд.мк (mkd.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Еден маж на возраст од 50 години со непознато етничко потекло.
Вид на кривично дело(а): Телесна повреда, Чл. 130 КЗРМ; Насилство Чл. 386 КЗРМ; Оштетување
туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е етничко потекло, државјанство или јазик, додека индикаторите за пристрасност во
овој инцидент се:
1. Претпоставена разлика помеѓу сторителот и жртвата според етничка припадност – Со оглед на
различниот доминантен етнички состав во село Табановце, Волково и областа на Железничката
станица „Скопје Север“, етничката припадност на жртвата може да се разликува од онаа на
сторителот.
2. Природа на насилството – Инцидентот бил извршен во јавност.
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
Министерството за внатрешни работи му одговори на Комитетот дека се спроведени повеќе
разговори со членови на локалната заедница, но досега не се добиени некакви дополнителни
информации. Полицијата продолжува да работи на класификација и документација на случајот.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата безбедносна ситуација во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.

Адреса
Железничката станица „Скопје Север“
Име на Локација
Железничката станица „Скопје Север“

Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот Телесна повреда Физички напад Насилство
Име на Локација
Друга јавна локација
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Каменување на воз завршува со повреди за машинивозачот (неверифицирано) image

Кривични дела

Против животот и телото
Телесна повреда
Против сопственоста
Оштетување на имотот
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност