Што се случило: Петнаесетгодишно момче во автобус било повредено со метална шипка од
неколку лица кои се качиле на постојката во село Бразда, скопско. На автобуската постојка во
село Бразда, во автобусот се качиле околу 12 лица и пред да се симнат на следната автобуска
постојка, најверојатно со метална шипка, удриле во пределот на ногата на 15 годишен малолетник
од село Бразда. Момчето со приватно возило било пренесено во Градска општа болница каде му
биле констатирани телесни повреди и бил пуштено на домашно лекување.
Датум, време и место на инцидентот: 03 ноември, 21:00 часот, автобус на ЈСП бр. 81
Извор на информации: Електронски медиум Либертас.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од дванаесет лица.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1.Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во автобус кој транзитира
низ области населени од луѓе со мешан етнички состав
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава за кривично дело „Насилство“ (член 386 КЗ).
Одговор на локалните власти: Според добиениот одговор од МВР по однос на Барањето за
информации од јавен карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент, од страна на СВР
Скопје до ОЈО Скопје била поднесена кривична пријава со КУ.бр.717/18 против три лица поради
постоење основи на сомнение за извршено кривично дело „Насилство“ од член 386 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.