октомври 19, 2017

Насилство во Св. Николе (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Полицаец од Свети Николе нападнал и повредил брачен пар во центарот на
градот. Според наводите на сопругот, полицаецот без причина му го скршил стаклото од возилото
и почнал да го удира со клоци и тупаници, а потоа ја фатил за врат неговата сопруга која седела
до него. Настанот се случил околу полноќ, после прославата на победата на СДСМ во Свети
Николе, кога брачниот пар застанал на крстосница. Брачниот пар се активисти на СДСМ. Според
наводите на полицаецот, инаку симпатизер на ВМРО-ДПМНЕ, брачниот пар го провоцирале и
наводно тој претходно бил нападнат од стотина активисти на СДСМ, кои дошле пред неговата
зграда, го повикувале да излезе и му го оштетиле автомобилот. Се обиделе да му влезат во станот
и тогаш тој излегол да види што се случува. Согласно наводите на полицаецот, истиот бил цел
на напад, затоа што во време на изборниот молк ги спречил активистите на СДСМ да растураат
изборен материјал.

Датум, време и место на инцидентот: 19 октомври, 20:40 часот, Св. Николе.
Извор на информации: Електронски весник 24вести.
Инволвирани жртви: Брачен пар.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Едно лице.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Време на случување на инцидентот – настанот се случил непосредно по прославувањето на
победата на локалните избори на кандидатот за градоначалник на Св. Николе на плоштадот во
Св. Николе.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: МВР во неговиот одговор кон Барањето за информации од јавен
карактер доставено до МХК во врска со овој инцидент го потврди инцидентот, притоа укажувајќи
дека истиот е поврзан со настанот нотиран под бр.59 во овој Анекс. Едновремено, МВР извести
дека целокупната службена документација му е доставена на ОЈО Свети Николе, но до моментот
на испраќање на одговорот МВР не било известено за исходот на преземените мерки и правната
квалификација на делото.

Адреса
Св. Николе
Име на Локација
Св. Николе

Број на жртви
2
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Насилство во Св. Николе (потврдено) image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Политичка припадност