Што се случило: Во Скопје, на улицата „Алија Авдовиќ“ во автобус бр.65 кој сообраќал во правец
од населба Ченто кон селото Стајковци се случила тепачка.
На автобуската постојка кај Основното училиште „25-ти мај“, група од околу десетина малолетници
истуркале од автобусот 17-годишно момче од селото Смиљковци, ученик во 4-та година во АСУЦ
и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото. Во
еден момент еден од напаѓачите го удрил со тврд предмет во пределот на главата, по што групата
се разбегала. Со возило на Итна медицинска помош момчето било пренесено во Градска општа
болница „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош, по што истото било пуштено
на домашно лекување.
Датум, време и место на инцидентот: 10 октомври, 19:00 часот, автобус на ЈСП бр. 65.
Извор на информации: Електронски медиум Република.мк.
Инволвирани жртви: Едно малолетно лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ), Загрозување со
опасно орудие при тепачка или караница (Член 133, КЗ)
Сторители: Група од десетина малолетници.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – инцидентот се случил во автобус кој
транзитира низ области населени од луѓе со мешан етнички состав, можно е етничкото потекло
на сторителите да се разликува од она на жртвата
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во добиениот одговор од МВР по однос на Барањето за
информации од јавен карактер кое МХК го испрати во врска со овој инцидент беше наведено
дека од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје било поднесено писмено Известување за кривично
дело „Насилство“ од член 386 КЗ (КУ.бр.10002/17).
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.