Што се случило: Од страна на непознати сторители биле оштетени 27 надгробни плочи на
православните гробишта во с. Љуботен. Според информации пренесени во медиумите, МВР
интензивно ги спроведува сите оперативно-технички и теренски активности кои овозможуваат
собирање и анализа на доказниот материјал, се со цел сторителите на овој чин да бидат
идентификувани и против нив да се поведе соодветна кривична постапка.
Датум, време и место на инцидентот: 10 јули, околу 19:30 часот, православни гробишта во с.
Љуботен.
Извор на информации: Дневен билтен на Министерството за внатрешни работи, електронски
медиум Позитив.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент со кој се предизвикува
национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост, пристрасниот мотив е религиозната
припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Целна локација – целна локација се православните гробишта во с. Љуботен;
Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
МХК го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека е утврдено дека се работи
за кривично дело „Сквернавење на гроб“, согласно чл.400 од КЗ. Дополнително, во одговорот се
наведува дека по целосното документирање на настанот, од страна на СВР Скопје до надлежното
Основно јавно обвинителство ќе биде доставен соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
различни верски заедници во земјата.