јуни 16, 2018

Тетовец нападнат во Скопјанка

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: М.К. (53) од Тетово вчера во 23:40 часот во Полициската станица Аеродром пријавил
дека дента околу 23:00 часот пред казино во Трговски центар „Скопјанка“ физички бил нападнат од
неколку непознати лица.Од нападот М.К. се здобил со повреди и бил пренесен во Градска општа
болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање
на сторителите и за целосно расчистување на случајот. (насилство/етничка)

Датум, време и место на инцидентот: 16 јуни, околу 23:00, ТЦ Скопјанка.
Извор на информации: електронски медиум сител.мк
Инволвирани жртви: едно машко лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачите се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на граѓани на улица, автобуска постојка трговски центри

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР овој инцидент кај нив е регистриран
како нарушување на јавен ред и мир и се преземаат мерки за откривање на сторителите.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството и
особено безбедноста на децата и младите луѓе во средини кои треба да се сигурни и безбедни за нив (
училишта, јавен превоз, населби во кои живеат и се движат).

Адреса
ТЦ. Скопјанка, Скопје, Северна Македонија
Име на Локација
ТЦ. Скопјанка, Скопје, Северна Македонија

Број на жртви
1
Број на сторители
4
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Тетовец нападнат во Скопјанка image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Националност Етничка припадност