Што се случило: На 06.12.2019 во Полициската станица Чаир, малолетник од Скопје пријавил дека околу 19.45
часот, на ул. „Александар Урдаревски“ бил физички нападнат од неколку малолетници, со остар предмет, при
што се здобил со повреда. Тој бил префрлен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”, а потоа
е пуштен на домашно лекување. Сторителите ѝ се познати на полицијата и се преземаат мерки за целосно
расчистување на случајот.
Датум, време и место на инцидентот: 06.12.2019, 19.45 часот, Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР, novamakedonija.com.mk; tv21.tv; tocka.com.mk; slobodenpecat.
mk; mkd.mk; makfax.com.mk
Инволвирани жртви: една (1) малолетна жртва
Вид на злосторства: Насилство (член 386 од КЗ)
Сторители: повеќе малолетни сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е
етничко потекло, а пристрасните индикатори се:
1. Етничкото потекло – сторителот и жртвата имаат различна етничка припадност.
2. Локација – настанот се случил на локација каде што претходно имало слични инциденти и каде што
живее мешано етничко население.
Статус на случајот: идентификувани сторители.
Одговор на локалните власти: Поднесено известување до ОЈО Скопје против четири малолетници за сторено
кривично дело „Насилство“ од 386 од КЗ.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна
состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено лошо се одразуваат
на развојот и поведението на децата.