Што се случило: На 19 ноември 2020 година, во полициската станица „Бит Пазар“ од страна на 18-годишно момче било пријавено дека е нападнат од страна на непознат маж во делот на тезгите на Бит Пазар. Претпоставката е дека причината за нападот е неговата различна етничка припадност.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е претпоставеното етничко потекло затоа тоа што нападот се случил поради тоа што момчето е со различна етничка припадност од напаѓачот, а пристрасните индикатори се:
- Јазик на зборување – жртвата и напаѓачот зборувале на различен јазик
- Етничкото потекло – инволвираните припаѓаат на различни етнички заедници
- Модел на претходни инциденти – претходни напади на луѓе на таа локација
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички и јазични групи во општеството
Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад
Насилство