Што се случило: На 19.09.2020 околу 15:00 часот, поточно непосредно пред одржување на фудбалски натпревар помеѓу Ф.К. Македонија Ѓ. Петров и Ф.К. Вардар, на бул. Ѓорче Петров во Скопје, каде навивачи движејќи се кон натпреварот извикувале навредувачки пораки со кои предизвикале национална омраза и нетрпеливост
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло и локацијата каде се случил нападот (непосредно пред стадионот), како и фактот што е предизвикан од навивачка група, а пристрасните индикатори се:
- Етничкото потекло – потенцијалните жртви и напаѓачите се од различна етничка заедница;
- Модел на претходни инциденти – претходни напади на луѓе во близина на стадионот и напади помеѓу навивачки групи.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и влијаат на етничката поларизација што придонесува за дополнителни зголемувања на делата од омраза заради различна етничка припадност.