февруари 3, 2020

Нацртани нацистички симболи на билборди

Инцидент
Инциденти сторени заради сексуална определба и/или родов идентитет

Што се случило: На 03.02.2020 како дел од уметничка акција, во Битола беа поставени три рекламни билборди на три различни локации. На рекламните билборди бил прикажан фиктивен лек „Хомофобиол“ како дел од уметничка авторска интервенција во јавен простор. Уште истата вечер, два билборди во градот биле испрскани со бела боја, а веќе следната вечер, на 04.02.2020 биле нацртани нацистички знакови со црна боја. На 05.02.2020, билбордите биле испрскани со црна боја целосно. На 14.02.2020, ЛГБТИ Центарот за поддршка настанот го пријави пред МВР СВР Битола.

 

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е сексуалната ориентација,а пристрасните индикатори се:

  1. Сексуална ориентација – присуството на ЛГБТИ заедницата во јавниот простор е мета на насилство, обиди за бришење и вандализам
  2. Модел на претходни инциденти – присуство на говор на омраза и претходни напади на лица од ЛГБТИ заедницата

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Нацртани нацистички симболи на билборди image