декември 28, 2020

Фотографија и натпис со навреди кои поттикнуваат насилство

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: Одделение за внатрешни работи Прилеп на 23.12.2020 година поднесе кривична пријава против С.М. (36) од Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. С.М. на 28.10.2020 преку својот Фејсбук профил во коментар на друг Фејсбук профил објавил фотографија и натпис со навреди односно поттикнувал насилство.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничката припадност поради тоа што фотографијата и натписот со навреди кои поттикнуваат насилство се насочени кон една конкретна етничка група во државата, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло – сторителот припаѓа на една етничка заедница, додека поттикнува насилство кон друга различна етничка заедница
  1. Модел на претходни инциденти – претходни инциденти од слична природа

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните национални, етнички и јазични групи во општеството


Број на жртви
1
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Фотографија и натпис со навреди кои поттикнуваат насилство image