ЧПП

Често поставувани прашања

Што е ПРИЈАВИ ЗЛОСТОРСТВО ОД ОМРАЗА?

ПРИЈАВИ ЗЛОСТОРСТВО ОД ОМРАЗА е интернет портал, креиран како дел од проектот „Поддршка на националните засегнати страни во борбата против злосторства од омраза и говор на омраза“ кој се спроведува од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија е имплементирачки партнер во овој проект, во делот кој се однесува на злосторствата од омраза.

ЦЕЛ

Основна цел на ПРИЈАВИ ЗЛОСТОРСТВО ОД ОМРАЗА е на граѓаните да им овозможи пријавување на инцидентите и кривичните дела кои сметаат дека се сторени од омраза поради припадноста на човекот, односно луѓето кон одредена општествена група. Исто така, ПРИЈАВИ ЗЛОСТОРСТВО ОД ОМРАЗА ќе им овозможи на корисниците на порталот да ги прегледаат веќе доставените пријави, категоризирани по посебни кривични дела. Крајна цел на овој портал е да се подигне свесноста на граѓаните за кривичните дела и инцидентите сторени од омраза, што пак ќе помогне во спречувањето на сторување на вакви кривични дела и инциденти во иднина и спречување на омразата во општеството.

Како функционира ПРИЈАВИ ЗЛОСТОРСТВО ОД ОМРАЗА?

Овој портал функционира врз основа на пријава на граѓаните за кривично дело или инцидент од омраза. Можете да пријавите на неколку начини:

  • Преку интернет формуларот, преку кој може да испратите и фотографија или видео
  • Преку е-пошта: helkom@mhc.org.mk
  • Преку #злосторство од омраза на twitter
  • Преку Android или iPhone апликација

По пријавувањето на еден од наведените начини, пријавата се разгледува од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија. Доколку сте ги внеле Вашите лични податоци, Хелсиншкиот комитет може да ве контактира во текот на разгледувањето и проверката на пријавата. По потврдата, Вашата пријава ќе биде прикажана на страницата (без прикажување на Вашите лични податоци).

Важни забелешки

Дали е задолжително да ги наведам моите лични податоци во пријавата?

НЕ! И анонимната пријава, во која не се наведени Вашите лични податоци се прифаќа и може да биде објавена на овој портал.

Дали моето име ќе се појави на порталот ПРИЈАВИ ЗЛОСТОРСТВО ОД ОМРАЗА?

НЕ! Потврдената пријава и деталите за настанот ќе се појават на порталот, но личните податоци и ставови за настанот, ќе останат анонимни за јавноста.

Како се појавуват и филтрираат пријавите на порталот ПРИЈАВИ ЗЛОСТОРСТВО ОД ОМРАЗА?

Известувањата за определен настан се појавуваат на порталот во рамки од 5 km од пријавената област, а се филтрираат според категории и според тоа дали се Потврдени/Непотврдени. Единствено одобрените пријави може да се појават во листата на случаи.

Сите прашања, проблеми или критики можете да ги пратите на  helkom@mhc.org.mk, или пак можете да не контактирате преку телефонскиот број +389 2 3119 073 и +389 2 3290 469 .