август 23, 2020

Физички напад на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Крсте Мисирков“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 23.08.2020 во 23.00 часот, С.Р.(47) од Скопје пријавил дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Крсте Мисирков“ бил физички нападнат од три лица. Се работи на расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  1. Модел на претходни инциденти – претходни напади на истата локација.

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
3
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Физички напад на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ со бул.„Крсте Мисирков“ image