Само 24 часа откако во Тетово беа поставени билборди за поддршка на ЛГБТ заедницата денска истите се оштетни.
Од натписот „Лесно е да мразиш, храбро е да љубиш“, остана само: Лесно е да мразиш!
„Што да им кажам повеќе на мразачите освен: знаеме, лесно е!“ напиша на својот Фејсбук профил, Ирена Цветковиќ од коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.
Билбордите во Тетово и во Битола беа поставени како дел од кампања за правата на лезбејките, геј мажите, бисексуалците и трансродните, која коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ ја споведува во партнерство со ЛГБТ Јунајтед.
„Целта на кампањата, која треба да трае еден месец, е промоција на правата на ЛГБТ, промоција на принципот на антидискриминација, еднакви можности и заштита од говор на омраза на ЛГБТ. Идејата зад целата иницијатива е покренување на овие прашања на локално ниво и претставува еден скромен обид за формирање и мобилизирање на ЛГБТ активизам надвор од Скопје, односно ширум републиката“, вели во изјава за радио МОФ, Цветковиќ.
Инаку неодамна активистите на двете организации беа нападнати во Битола додека лепеа постери со промотивна содржина за човековите права во рамките на проектот „Граѓанска иницијатива за ЛГБТ права“ и прошетаа низ „Широк Сокак“ со знаме во боите на виножитото.