Непознати вандали вчера ја каменувале црквата Свети Ѓоргија, во скопската населба Чаир, додека траела утринската богослужба во присуство на повеќе православни верници.
Според полицијата, инцидентот се случил околу девет часот утрото. Додека свештеникот ја одржувал утринската богослужба, пред црквата се собрале повеќемина претежно малолетни лица кои почнале да фрлаат камења кон црквата и да упатуваат верски навреди. Од каменувањето била оштетена влезната врата на верскиот објект. По вандалскиот чин групата си заминала.
Полицијата работи на случајот и пронаоѓање на вандалите.
Adresë
Chair, Skopje 1000, Macedonia (FYROM)
Burimi i lidhjes për lajmet
Numri i kryerësve
1
Statusi i çështjes
Perpetrators identified