март 19, 2018

Протести пред домот на Ременски

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Незадоволни од донесување на Законот за употреба на јазиците, група граѓани
протестирале пред домот на пратеничката на СДСМ Фросина Ременски. Пратеничката на својот фб
профил напиша статус дека ќе поднесе кривична пријава против со се што поседува како доказ. Исто
така наведува дека на чело на протестот биле две лица С.Л. и Т.Ј. од ОК Карпош на ВМРО ДПМНЕ.

Датум, време и место на инцидентот: 19 март, во вечерните часови, с. Бардовци пред домот на
пратеничката Ременски.
Извор на информации: електронски медиум: тиме.мк, електронски медиум Канал 5 телевизија
Инволвирани жртви: пратеничката Ременски
Вид на злосторства: Загрозување на сигурноста (Член 144 од КЗ), Насилство (Член 386, КЗ)
Сторители: Група од десетина сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност или политичко уверување, а пристрасните индикатори се:
1. Перцепција на жртвата – според изјава дадена за социјалните медиумите, жртвата гледа на
инцидентот како пристрасно мотивиран;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е дел од серијата инциденти против припадници
или симпатизери на политички партии или поранешни и сегашни функционери.

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одоговорот кој го добивме од МВР, се наведува дека е известен
ОЈО и дека ќе биде пуштен соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Address
Бардовци, Северна Македонија
Location Name
Бардовци, Северна Македонија

Number of victims
1
Number of Perpetrators
10
Status of the case
Нема информации
Type of incident?
Насилство
Incident location
Улица
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Протести пред домот на Ременски image

Criminal offences

Against the Public Order
Насилство

Grounds

Политичка припадност