јули 2, 2018

Нападнато лице од с. Студеничани во автобус бр. 67

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 02.07.2018 година во 20,30 часот во Полициската станица Кисела Вода, Н.А. (48) од
село Студеничани, скопско, пријавил дека истиот ден околу 17,30 часот на булевар „Борис Трајковски“,
додека се возел во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) со бр.67, физички бил нападнат
од страна на контролор на ЈСП, З.Г.(54) од село Орешани, скопско. Се преземаат мерки за целосно
расчистување на случајот

Датум, време и место на инцидентот: 02.07.2018 година, 17,30 часот о автобус бр. 67
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: едно машко лице.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: еден идентификуван сторител.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачот се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на граѓани во автобус и на автобуска постојка се
регистрирани и претходно

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: До затварње на овој извештај сеуште немаме одговор од МВР. ( Одговор
од МВР добивме во Јануари 2019, случајот е евидентиран како прекршок по член 12 ЗППЈРСМ)
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Address
булевар „Борис Трајковски“
Location Name
автобус бр. 67

Number of victims
1
Number of Perpetrators
1
Status of the case
Идентификувани сторители
Type of incident?
Физички напад Насилство
Incident location
Друга јавна локација
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Нападнато лице од с. Студеничани во автобус бр. 67 image

Criminal offences

Against the Public Order
Насилство

Grounds

Националност Етничка припадност