ноември 5, 2018

Нападнати малолетици во Топанско Поле

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: На 05.11.2018 година во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.00 часот
пред угостителски објект на улица „Благоја Паровиќ“ – Топанско Поле во Скопје, двајца
16-годишници физички биле нападнати од А.А. и неколку непознати лица. Се преземаат
мерки за расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 05.11.2018 година околу 20.00 часот пред угостителски објект
на улица „Благоја Паровиќ“ – Топанско Поле во Скопје
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: две малолетни жртви 16 годишна возраст.
Вид на злосторства: Насилство (Член 386, КЗ на РСМ), Телесна повреда (Член 130, КЗ на РСМ).
Сторители: еден познат сторител и неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – жртвата со напаѓачот се од различно етничко потекло;
2. Модел на претходни инциденти – напади на малолетни лица во овој дел од градот се регистрирани
и претходно

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: На барањето доставено до МВР во врска со овој инцидент, дали има
индикатори со кои ќе се потврди дело од омраза, добивме одговор идентичен како во дневниот билтен
на министерството, односно дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.

Address
улица „Благоја Паровиќ“ – Топанско Поле
Location Name
улица „Благоја Паровиќ“ – Топанско Поле

Number of victims
2
Number of Perpetrators
6
Status of the case
Нема информации
Type of incident?
Сериозна закана Телесна повреда Физички напад Насилство
Incident location
Улица
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Нападнати малолетици во Топанско Поле image

Criminal offences

Against Life and Body
Телесна повреда
Against the Public Order
Насилство

Grounds

Националност Етничка припадност