март 28, 2018

Напад врз полициски службеник пред објектот на МНР

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Од страна на непознато лице физички бил нападнат полициски службеник кој вршел
внатрешно обезбедување на објектот. Имено, полицискиот службеник слушнал тропање пред објектот
и кога излегол надвор забележал неколку непознати лица од кои едниот физички го нападнал. Во
врска со настанот, во Полициска станица Центар биле приведени М.Ј.(30) и Ф.В.(30) двајцата од Скопје,
Б.Д.(29) од Куманово и В.Д.(32) од Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Датум, време и место на инцидентот: 28.03.2018 година околу 01.30 часот пред Министерство за
надворешни работи во Скопје
Извор на информации: МВР дневен билтен
Инволвирани жртви: нападнат полициски службеник
Вид на злосторства: Телесна повреда (член 130 од КЗ на РСМ), Напад врз службено лице при вршење
работи на безбедноста ( чл.383 од КЗ)
Сторители: 4 идентификувани сторители
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е етничка
припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Етничката припадност – жртвата со сторителите се од различна етничка припадност

Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: На Барањето за информации од јавен карактер кое Комитетот го
испрати до МВР во врска со овој инцидент, МВР даде одговор за овој случај од нивната евиденција, но
не потврди ниту еден од индикаторите за квалифицирање како дело од омраза.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на различните
етнички заедници во земјата.

Address
Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија
Location Name
Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија

Number of victims
1
Number of Perpetrators
4
Status of the case
Идентификувани сторители
Type of incident?
Уништување на имот Сериозна закана Физички напад Насилство
Incident location
Институција
How did the police react?
Тие веднаш го забележаа инцидентот
Напад врз полициски службеник пред објектот на МНР image

Criminal offences

Against Property
Оштетување на имотот
Against the Public Order
Насилство

Grounds

Националност Етничка припадност