јули 12, 2016

Каменуван автобус кај Бит- Пазар; тешко повреден осумнаесетгодишник (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: Непознати лица каменувале автобус кај Бит-пазар. Осумнаесетгодишник, кој бил
во автобусот бил погоден со камен во главата. Лицето веднаш било пренесено во Ургентниот
центар каде што било задржано на лекување. Автобусот за време на инцидентот се движел во
правец од Центар кон Автокоманда. Според информациите на МВР, инцидентот се случил кога
група непознати лица го каменувале автобусот со бр. 50 на ЈСП на автобуската постојка кај хотел
„Султан“ на бул.„Крсте Петков Мисирков“.

Датум, време и место на инцидентот: 12 јули, околу 23:45 часот, автобуска постојка кај хотел
„Султан“ на бул.„Крсте Петков Мисирков“, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Телеграф.
Инволвирани жртви: Едно осумнаесетгодишно лице.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Телесна повреда (Член 130, КЗ)
Сторители: Група од неколку непознати сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Претпоставена разлика во етничкото потекло – автобусот бр. 50 транзитира низ област
населена од луѓе со мешан етнички состав; автобуската постојка од каде е каменуван автобусот
се наоѓа во област населена од луѓе со мешан етнички состав
2. Природа на насилство – инцидентот се случил во јавност;

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер кое
Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека СВР Скопје презема
мерки и активности за расветлување на кривично правниот настан и утврдување на идентитетот
на сторителите по што ќе следува соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент го доведува во прашање етничкиот соживот
помеѓу двете најголеми заедници во земјата.

Address
бул.„Крсте Петков Мисирков“
Location Name
автобуска постојка кај хотел „Султан“

Number of victims
1
Number of Perpetrators
-
Status of the case
Под истрага
Type of incident?
Уништување на имот Телесна повреда Физички напад Насилство
Incident location
Улица
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Каменуван автобус кај Бит- Пазар; тешко повреден осумнаесетгодишник (непотврдено) image

Criminal offences

Against Life and Body
Телесна повреда
Against Property
Оштетување на имотот
Against the Public Order
Насилство

Grounds

Националност Етничка припадност