Што се случило: На 02.12.2024 во 23.10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода К.К.(20) од Скопје. Тој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме. Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица. Против него е поднесено обвинение до надлежен суд од страна на Основното јавно обвинителство Скопје за сторено кривично дело од член 319 од КЗ.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасните мотиви е етничка припадност, а пристрасните индикатори се:
- Етничко потекло – претпоставена разлика во етничката припадност на сторителот
- Време – настанот се случил по инцидентот на палење на македонското знаме
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.