август 17, 2024

Оштетена порта на џамија во изградба во Битола

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 17.08.2024 во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 14.08.2024 до 17.08.2024 на ул „Кузман Јосифовски“ со спреј била ишкртана и оштетена портата од заштитната ограда и информативната табла на џамија во изградба. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасните мотиви е верското уверување, а пристрасните индикатори се:

  1. Верско уверување – претпоставена разлика во верското уверување на сторителот
  2. Локација – оштетена порта на џамија во изградба во Битола
  3. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Оштетена порта на џамија во изградба во Битола image

Основа

Религија или уверување