април 25, 2024

Оштетено стакло од штаб на кандидат за претседател

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: На 25.04.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Радовиш Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е политичката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Политичка припадност – нападнат е штабот на кандидат за претседател на државата
  2. Време – Период кога се одржуваа претседателските избори во државата
  3. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Оштетено стакло од штаб на кандидат за претседател image

Основа

Политичка припадност