август 9, 2024

Искршена спомен плочата кај Карпалак

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Искршена спомен плочата кај месноста Карпалак, на која се испишани имињата на десетемина армиски резервисти кои во 2001 година на ова место беа убиени во заседа. Расфрлани се и цвеќињата кои на вчерашното одбележување на годишнината ги положија присутните делегации. За случајот се огласи и Министерството за одбрана, кое најостро го осуди оштетувањето на плочата. Од таму информираат дека настанот покрај во полицијата, го пријавиле и до меѓународната заедница.

Инаку спомен плочата, која беше поставена на банкината на автопатот Тетово – Скопје низ годините повеќепати беше вандализирана. Бранителите постојано повторуваат дека на ова место треба да има достојно спомен обележје.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасните мотиви е етничка припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничко потекло – претпоставена разлика во етничката припадност на сторителот
  2. Модел на претходни инциденти – Спомен плочата неколкупати била вандализирана
  3. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на симболи
Искршена спомен плочата кај Карпалак image

Основа

Етничка припадност