септември 8, 2023

Инцидент врз основа на етничка припадност

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност

Што се случило: На 8 септември 2023 во СВР Скопје било пријавено дека пред Поликлиника Чаир екипата итна медицинска помош затекнала две лица повредени со остар и тврд предмет, кои, според пријавеното, по претходна меѓусебна расправија физички се пресметале. Лицата се пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а подоцна едно од лицата било лишено од слобода.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничка припадност – претпоставена разлика во етничката припадност меѓу лицата
  2. Отсуство на други мотиви

    Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда Насилство
Инцидент врз основа на етничка припадност image