ноември 24, 2023

Инцидент во автобус помеѓу малолетници

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Насилство врз малолетници

Што се случило: Возач на автобус во ЈСП пријавил дека на 24 ноември 2023 на подрачјето на Кисела Вода во автобусот по претходно недоразбирање дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица и уште тројца малолетници сите од с.Горно Количани-скопско од една страна и од друга страна едно лице и уште двајца малолетници сите од с.Долно Количани-скопско.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничкото потекло, а пристрасните индикатори се:

  1. Претпоставена разлика во етничкото потекло
  2. Модел на претходни инциденти

    Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Насилство
Инцидент во автобус помеѓу малолетници image