Што се случило: На паркинг место наменето за лица со попреченост, во близина на основното училиште Ѓорѓија Пулевски, бил нацртан графит со нацистички симбол – свастика.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасните мотиви се верското уверување и попреченоста, а пристрасните индикатори се:
- Верско уверување – графитот со нацистичкиот симбол е насочен кон припадници на Еврејската заедница
- Попреченост – графитот е нацртан на паркинг место наменето за лица со попреченост
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.
Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот