Што се случило: Група средношколци кои чекале училишен превоз вчеравечер биле физички нападнати од друга група во центарот на Куманово. Според неофицијални информации група со фантомки кои преходно вербално провоцирале ги нападнале учениците кај автобуската постојка кај Серава. Од полицијата со кратко соопштение без многу детали информирале дека татко пријавил оти негов син и негови пријатели биле нападнати: „На 02.12.2024 во 21.25 часот во СВР Куманово, Т.А.(43) од Куманово пријавил дека на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, неговиот малолетен син и неговите пријатели биле физички нападнати од неколку лица, кои употребиле и тврди предмети, информираат од Секторот за внатрешни работи.“ (МВР, Дневен билтен).
Според информации споделени во медиумите, во пресметката користеле боксирачи, при што му нанеле повреди на ученикот кој побарал лекарска помош во болница. Според медиумите, неофицијално станува збор за инцидент со меѓуетнички предзнак, но ниту една од институциите тоа не го потврдила.
Петте малолетници биле приведени под сомнение дека физички нападнале друга група малолетници во Куманово: „На 05.12.2024 во 21.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода пет малолетници од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.“ (МВР, Дневен билтен).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасните мотиви е етничка припадност, а пристрасните индикатори се:
- Етничко потекло – претпоставена разлика во етничката припадност на сторителите и жртвите
- Време – настанот се случил по инцидентот на палење на македонското знаме
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.