Што се случило: 20-годишно момче и еден малолетник биле физички нападнати со камења од
страна на два непознати сторители, поради нивната сексуална ориентација.
Датум, време и место на инцидентот: 19 август, ул. Филип Втори Македонски во Општина
Центар, Скопје.
Извор на информацијата: интервју со жртвите.
Вклучена(и) жртва(и): Еден 20-годишник и малолетник биле каменувани, но успеале да избегаат.
Не биле повредени.
Вид на кривично дело(а): Насилство (Чл.386).
Сторител(и): Двајца непознати сторители.
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност:
Статус на случајот: Непознат
Одговор на надлежните власти: Комитетот го пријави случајот на надлежните, по добиена
согласност од жртвата. Нема други информации во врска со истрагата.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање
општата безбедносна состојба на сексуалните малцинства во општеството, особено на оние
локации каде е познато дека тие се движат.