декември 8, 2016

Опожарен билборд на ДУИ во н. Ѓорче Петров (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Во населбата Ѓорче Петров, од страна на непознат сторител делумно биле
изгорени двa билбордa со фотографии на претставници на политичката партија ДУИ.

Датум, време и место на инцидентот: 8 декември, околу 03:00 часот, на ул.„Ѓорче Петров“ кај
поранешен „Баумаркет“, Скопје.
Извор на информации: Електронски медиум Локално.мк.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ), Предизвикување омраза, раздор
или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (Член 319, КЗ)
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност, а пристрасните индикатори се:
1. Оштетен објект – на билбордот бил поставен материјал од политичката партија ДУИ
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на оштетување
на билборди со политичка содржина во предизборниот период

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Во одговорот на барањето за информации од јавен карактер
кое Комитетот го испрати до МВР во врска со овој инцидент е наведено дека од страна на СВР
Скопје – Единицата за увид на место на настанот и анализа било извршено фотографирање, а
оштетените биле запознаени дека извршеното кривично дело „Оштетување на туѓи предмети“
се гони по приватна тужба и за истото треба да достават записник во надлежната полициска
станица.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање општата политичка
стабилност во земјата.

Address
ул.„Ѓорче Петров“ , Скопје
Location Name
кај поранешен „Баумаркет“

Number of victims
-
Number of Perpetrators
-
Status of the case
Под истрага
Type of incident?
Уништување на имот
Incident location
Улица
How did the police react?
Тие го истражуваат инцидентот
Have there been similar incidents / crimes in the same location?
Да
Опожарен билборд на ДУИ во н. Ѓорче Петров (потврдено) image

Criminal offences

Against Property
Оштетување на имотот

Grounds

Политичка припадност