април 16, 2015

Уште едно запалено возило на активист на СДСМ во Битола (потврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Возилото на познат член и активист на СДСМ било запалено.

Датум, време и место на инцидентот: 16 април, 02:30 часот, ул. „Михајло Андоновски“, Битола.
Извор на информации: Национален телевизиски медиум Телма.
Инволвирани жртви: Освен материјална штета, во овој инцидент нема жртви.
Вид на злосторства: „Оштетување туѓи предмети“ (член 243, КЗ на РМ), „Предизвикување општа
опасност“ (член 288 КЗ на РМ).
Сторители: Непознати.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е по-
ли тич ка припадности убедување, а пристрасните индикатори се:
1. Перцепција на жртвата – според изјава дадена за медиумите, жртвата гледа на инцидентот
како пристрасно мотивиран;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност;
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Под истрага.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека се преземаат неопходни мерки за
расветлување на овој инцидент.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој вид инциденти ја доведуваат во прашање општата поли-
тич ка стабилност во земјата.

Адреса
ул. „Михајло Андоновски“, Битола
Име на Локација
ул. „Михајло Андоновски“, Битола

Број на жртви
-
Број на сторители
-
Статус на случајот
Под истрага
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на имот
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Уште едно запалено возило на активист на СДСМ во Битола (потврдено) image

Кривични дела

Против јавниот ред
Насилство

Основа

Политичка припадност