април 18, 2015

Претседателот на младинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар бил киднапиран и претепан (непотврдено)

Инцидент
Инциденти сторени заради политичка припадност или политичко уверување

Што се случило: Тројца сторители, возејќи се во возило, нападнале пет млади луѓе (меѓу кои бил и
претседателот на младинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар). Откако четворица
од нив успеале да побегнат, напаѓачите го фатиле претседателот на младинскиот огранок,
продолжиле да го тепаат, сосила го внеле во возилото и го возеле кус временски период околу
населбата фотографирајќи го во возилото.

Датум, време и место на инцидентот: 18 април, 02:00 часот, Општина Центар, Скопје.
Извор на информации: Национален електронски медиум Курир.
Инволвирани жртви: Пет млади луѓе биле нападнати, еден од нив тешко претепан и противправно
лишен од слобода на кус временски период.
Вид на злосторства: „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ), „Противправно лишување од слобода“
(член 140, КЗ на РМ).
Сторители: Тројца мажи.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
политичка припадност и убедување, а пристрасните индикатори се:
1. Перцепција на сведокот – неколку медиуми објавија дека напаѓачите биле членови и активисти
на СДСМ;
2. Природа на насилството – инцидентот се случил во јавност, направени се фотографии од
жртвата за време на инцидентот;
3. Недостаток на други мотиви.

Статус на случајот: Поднесени прекршочни пријави.
Одговор на локалните власти: МВР одговори на барање за информации од јавен карактер
испратено од Комитетот дека се поднесени прекршочни пријави за физички напад. Иако неколку медиуми објавуваа дека МВР ќе поднесе кривични пријави и за лишување од слобода, до моментот
на пишување на овој извештај, Комитетот нема такви информации.
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој вид инциденти ја доведуваат во прашање општата
политичка стабилност во земјата.

Адреса
Општина Центар, Скопје
Име на Локација
Општина Центар, Скопје

Број на жртви
5
Број на сторители
3
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Сериозна закана Физички напад Насилство
Име на Локација
Улица
Како реагираше полицијата? (можни се повеќе одговори)
Тие го истражуваат инцидентот
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Претседателот на младинскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар бил киднапиран и претепан (непотврдено) image

Кривични дела

Против сопственоста
Грабеж
Против јавниот ред
Насилство

Основа

Политичка припадност