Што се случило: Во текот на вечерта, непознати сторители ја демолирале подрачната канцеларија
на политичката партија ГРОМ во Драчево, Скопје.
Датум, време и место на инцидентот: 13 април, Драчево, Скопје.
Извор на информацијата: Електронскиот медиум „Плусинфо.мк“ (Plusinfo.mk).
Вклучена(и) жртва(и): Освен материјалната штетна, немало директни жртви во овој инцидент.
Вид на кривично дело(а): Оштетување туѓи предмети чл. 243 КЗРМ .
Сторител(и): Непознат(и).
Краток опис на инцидентот со индикатори за пристрасност: Мотивот на пристрасност во овој
инцидент е политичка припадност и политичко убедување, а индикаторите на пристрасност во
овој инцидент се:
1. Локација – метата е место со политичко значење на таргетираната група.
2. Недостаток на други мотиви.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на надлежните власти: Преку „„Одговор на барање““ за информации од јавен карактер
пратено од Комитетот, Министерството за внатрешни работи изјави дека се преземаат неопходните
мерки за расчистување на случајот, забележувајќи дека ова кривично дело резултирало со помала
материјална штета и следствено неопходна е приватна тужба за покренување судска постапка.
Влијание врз жртвата(ите) и заедницата: Инциденти од ваков тип ја доведуваат во прашање
општата политичка ситуација во земјата и соживотот помеѓу различните етнички заедници во
општеството.