јули 3, 2020

Насилство во училиште на ул. “Призренска“

Инцидент
Инциденти сторени заради религиозна припадност или верско убедување

Што се случило: На 03.07.2020 во 20,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во круг на училиште на ул. “Призренска“, дошле три непознати лица со патничко моторно возило “фолксваген туран“ со непознати регистарски ознаки и истите започнале да ги малтретираат А.К.(18) и двајца 15 годишни и еден 17 годишен малолетник, а потоа физички нападнале други 15 и 16 годишни малолетници нанесувајќи им повреди. По ова од непознатите лица биле испукани 2-3 куршуми во воздух од пиштол, по што напаѓачите го напуштиле местотот. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје при што била пронајдена и подигната една чаура. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент кој се случил пристрасниот мотив е етничката припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничкото потекло– жртвата и напаѓачите биле од различна етничка заедница.
  1. Модел на претходни инциденти – напад врз малолетни лица на улица, блиску училиште, во автобус

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството, и особено негативно се одразуваат на развојот и безбедноста на децата.


Број на жртви
5
Број на сторители
3
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Насилство во училиште на ул. “Призренска“ image