Што се случило: Две непознати лица му понудиле на еден Сириец превоз до Србија. Наскоро
им се приклучило и трето лице. Тогаш, еден од сторителите извадил метална шипка и почнал
да ја удира жртвата по грбот, по што му го украле ранецот во кој имало три мобилни телефони
и поголема количина пари (евра и долари). Потоа, жртвата ја оставиле на патот и се упатиле во
непознат правец.
Датум, време и место на инцидентот: 29 јуни, 18:00 часот, населба Карпош, Куманово.
Извор на информации: Електронски медиум Кумановски муабети.
Инволвирани жртви: Еден Сириец.
Вид на злосторства: „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ), „Насилство“ (член 386, КЗ на РМ).
Сторители: Непозната група од тројца сторители.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е
етничко потекло, државјанство или јазик, а пристрасните индикатори се:
1. Разлика во етничкото потекло – етничкото потекло на сторителите и жртвата се разликуваат;
жртвата е припадник на група (сириски мигрант) која е убедливо помалобројна од припадници на
друга група (македонска популација) во областа каде се случил инцидентот;
2. Модел на претходни инциденти – овој инцидент е последен од растечкиот тренд на кражби и
напади врз мигранти.
Статус на случајот: Поднесена кривична пријава.
Одговор на локалните власти: Одговарајќи на барање за информации од јавен карактер,
Министерството за внатрешни работи (МВР) одговори дека поднеле кривична пријава против
непознат сторител за кривичното дело „Разбојништво“ (член 237, КЗ на РМ).
Влијание врз жртвите и заедницата: Овој инцидент ја доведува во прашање безбедноста на
мигрантите кои влегуваат и поминуваат низ земјата.