мај 8, 2022

Физички нападнати и ограбени бегалци во с.Ваксинце, кумановско

Инцидент
Инциденти заради бегалски или мигрантски статус

Што се случило: С.М.(21) од Р.Сирија со статус на бегалец, при обид да ја премине државната граница кон Р.Србија заедно со групата со која бил, на 08 мај 2022 година во атар на с.Ваксинце, кумановско, тој и неколку членови од групата биле физички нападнати од четири лица, кои им одзеле пари и мобилни телефони. Случајот го пријавиле во СВР Куманово, полициските службеници извршиле увид на местото и по насока на јавен обвинител С.М. бил пренесен во транзитен центар во с.Сопот, Кумановско.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент, пристрасниот мотив е бегалскиот или мигрантскиот статус, а пристрасните индикатори се:

  1. Бегалски или мигрантски статус – жртвите имаат бегалски статус
  2. Локација – настанот се случил на место каде што поминува рутата на мигрантите и бегалците кои транзитираат преку државата

Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството, а особено безбедноста на бегалците и мигрантите кои транзитираат низ територијата на Република Северна Македонија.


Број на жртви
1
Број на сторители
4
Статус на случајот
Нема информации
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Физички напад Насилство
Дали имало слични инциденти / злосторства на иста локација?
Да
Физички нападнати и ограбени бегалци во с.Ваксинце, кумановско image