Што се случило: На социјалните мрежи се појави фотографија од графит на ѕидот на една зграда
во Битола. „Смрт за Шиптари!“ на македонски и албански јазик и иронична забелешка „Закон си е закон“ е најновиот израз на говор на омраза по етничка основа, кој го „краси“ ѕидот на оваа битолска
улица од денеска.
Ова доаѓа по изгласаниот закон за употреба на јазиците и не е реткост во Битола, според набљудувачите
на ЦИВИЛ. На годишнината на албанската азбука, пред две години, беа искршени прозорците од
Музејот на албанската азбука, а во март минатата година беа фрлени четири молотови коктели во
истиот објект.
Датум, време и место на инцидентот: 18 јануари, неопределно, на ѕидот на една зграда во Битола.
Извор на информации: социјални мрежи, електронски медиум цивилмедиамк.мк.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Оштетување туѓи предмети (Член 243, КЗ на РСМ), Предизвикување на расна,
верска и национална нетрпеливост и омраза (Член 319, КЗ на РСМ)
Сторители: идентификувани двајца сторители од кои еден малолетен (17).
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и претходно се испишуваат графити со говор на омраза
по етничка основа.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: МВР на 30.01.2018 година поднесе кривични пријави против двајца
сторители за кривично дело за расна и друга дискриминација.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во општеството.