Што се случило: За време на протестот за одбрана на името кој се одржа на 27 февруари 2018 година
и кој започна во 18 часот пред седиштето на ЕУ во Скопје, а продолжи пред Собранието се случија
неколку инциденти, информираа од МВР.
Според полицијата, при пристигнувањето на граѓаните, од страна на неколку лица биле фрлани камења
кон зградата на ЕУ- Инфо Центар, при што со еден камен е погоден полициски службеник во пределот
на левата надколеница. Исто така, за време на протестот, пред Собранието, од страна на неколку
непознати лица биле запалени знамињата на Република Грција и Република Албанија. При преземање
мерки и активности, во паркот Жена борец во Скопје биле пронајдени пет шишиња со запалива течност,
а во врска со настанот бил приведен К.Г.(24) од Скопје. По извршениот разговор, К.Г. е задржан во
полициска станица. За време на протестот, пред Собранието, од страна на неколку непознати лица
биле запалени знамињата на Република Грција и Република Албанија.
Датум, време и место на инцидентот: На 27.02.2018 година околу 18.00 часот, седиште на Еу делегација
во Скопје и Собрание на РСМ.
Извор на информации: дневен билтен на МВР.
Инволвирани жртви: нема.
Вид на злосторства: Предизвикување на општа опасност (Член 288, КЗ на РСМ), Предизвикување омраза,
раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (член 319
од КЗ)
Сторители: еден идентификуван сторител, повеќе неидентификувани.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е етничко
потекло и национална припадност а пристрасните индикатори се:
1. Модел на претходни инциденти – и претходните протести беа обележани со говор на омраза и
предизвикување на етничка и национална нетрпеливост како спрема етничките заеници кои живеат
во нашава земја така и спрема соседните националности.
2. Место – Инцидентот се случил пред седиштето на меѓународна заедница како и пред Собранието
на РСМ.
Статус на случајот: Непознат.
Одговор на локалните власти: Во одговорот кој го добивме од МВР, известуваат дека еден сторител е
идентификуван и приведен во полициска станица, а дека по целосно расчистување на случаот ќе биде
поднесен соодветен поднесок.
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата
безбедносна и политичка состојба во земјата, соживотот помеѓу различните етнички групи во
општеството.