Што се случило: На 22 ноември 2023 во Полициската станица Бит Пазар, Итната медицинска помош пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар со повреди бил пронајден државјанин на Република Италија. Според пријавеното, тој на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица, откако претходно влегол во нивното возило, а при нападот тие употребиле и остар предмет.
Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасниот мотив е националноста, а пристрасните индикатори се:
- Националност – жртвата е државјанин на Република Италија
Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.
Број на жртви
1
Број на сторители
1
Статус на случајот
-
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Телесна повреда