ноември 28, 2024

Четири обвиненија поради предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост

Инцидент
Инциденти сторени поради етничка припадност
Предизвикување на национална, расна и верска омраза, раздор и нетрпеливост

Што се случило: Денот на албанското знаме беше одбележан со колони возила со развеани албански знамиња низ неколку општини во земјава, а во текот на прославата се случија и неколку инциденти во кои беше газено и палено знамето на Република Северна Македонија, што предизвика осуда од политичките претставници на различни партии, но и од голем дел граѓани од сите етнички заедници, вклучувајќи ги и Албанците.

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднело обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик.

Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол. Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост.

Дејствијата на сите обвинети предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство.

Кус опис на инцидентот со пристрасни индикатори: Во овој инцидент пристрасните мотиви е етничка припадност, а пристрасните индикатори се:

  1. Етничко потекло – разлика во етничката припадност на сторителите
  2. Влијание врз жртвите и заедницата: Инциденти од ваков вид ја доведуваат во прашање општата безбедносна состојба во земјата и соживотот помеѓу различните групи во општеството.


Број на жртви
-
Број на сторители
4
Статус на случајот
Идентификувани сторители
Вид на инцидент? (можни се повеќе одговори)
Уништување на симболи
Четири обвиненија поради предизвикување омраза, раздор и нетрпеливост image

Основа

Етничка припадност